
Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со локален дожд.
Во попладневните часови врнежите ќе престануваат, а во текот на ноќта разведрување. Ќе дува засилен ветер кој наместа ќе достигне брзина и до 25 километри на час.
Утринските температури се движат од нула до осум степени, а дневните од 10 до 19 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 19-от степен.