Ја искршил рампата на границата бидејќи не му дозволиле да помине

Педесет и тригодишен мај ја оштетил рампата за пасошка и царинска контрола на граничкиот премин Табановце бидејќи не му дозволиле да ја премине границата, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Мажот А.Р. кој возел автомобил со германски таблички, заедно со неговата сопруга, ја оштетил рампата и се обидел да побегне кон Куманово. Причина за тоа било тоа што што цариниците не му дозволиле влез бидејќи носел поголема количина на техничка стока која подлежи на царина.

Потоа царинските службеници успеале да ги најдат кај наплатната рампа „Романовце“.

Против нив се поднесени платни налози за сторен прекршок.