
Откако на социјалните мрежи се расшири информацијата дека наводно мастилото со кое се обележуваат гласачите кои го искористиле своето право на глас може да се избрише со влажна марамица, со свое прашање се јави и популарниот твитерџија Богдан Илиевски, алијас Бетмен велит.
Бетмен велит прашува дали срамот се бриши со влажна марамица?
Но, на сметка на наводното бришење на маркерот паднаа и други шеги на социјалните мрежи.