
На традиционална масовна венчавка во Белград, што по 16-ти пат ќе се одржи на 18 мај пред белградското Собрание, се пријавиле 110 пара од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Германија.
Бројот на парови што ќе се венчаат е ограничен на 200, а заинтересираните имаат уште една недела да се пријават.
Како што објави „Блиц“, нема прецизни детали околу тоа колку пара од Македонија се пријавиле за манифестацијата „Масовната венчавка – свадба од соништата“.