Груевски: Манипулациите и лажните ветувања не поминуваат кај граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва пред охриѓани ја истакна огромната доверба која гласачите ја дадоа за претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов. Тој во својот говор потенцираше дека граѓаните во земјава  знаат да направат разлика, а Охрид покажал дека знае да почитува вистински вредности и дела.

„Вчера во Република Македонија имаше избори. Ја видовме најреално од сите анкети во Македонија во која мнозинството граѓани ја даде поддршката на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, сегашниот и иден претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Ѓорѓе Иванов и ВМРО-ДПМНЕ добија околу 450.000 гласови од граѓаните на Република Македонија, 123.00 гласови разлика во однос на СДСМ. Мило ми е што мнозинството граѓани во Македонија имаат искуство во политиката за да прават разлика меѓу оние кои ветуваат и не реализираат. Во политичката кариера манипулираат со граѓаните, играат  со нивните чувства, даваат лажни обвинувања и лажни ветувања да добијат гласови и власт “, истакна Груевски.

Тој пред големиот број поддржувачи на досегашната владејачка политика на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека неговата партија од 2006 година континуирано покажува почит кон народот. „Не само кон гласачот, туку народот, граѓаните кои во мнозинство не поддржуваат“, рече тој.