
Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски, денеска се сретна со здравствените работници во Тетово.
Попоски на средбата посочи повеќе нови проекти од програма на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и отворање центри за третирање на лица кои доживеале мозочен удар.
Се предвидува до 2018 година вакви регионални центри да бидат отворени во склоп на клиничките болници во Битола, Тетово и во Штип којшто ќе чини 20 милиони денари.