
Седум работници од Кавадарци се повредени во сообраќајната несреќа која се случила вчера околу 17 часот на автопатот на делницата Велес – Градско, кај селото Виничани.
Комбето со кое се превезувале работниците се превртело и излетало од патот, додека работниците од Тетово се враќале дома во Кавадарци.
Тројца од нив се потешко повредени и однесени во Клиничкиот Ургентен центар, а четворица се пуштени на домашно лекување.