
Сараево утрово е прекриен со снег, којшто вее уште од синоќа. Во Босна и Херцеговина иако заврши зимската сезона во сообраќајот, во главниот град денска е типичен зимски ден, а сообраќајот се одвива отежнато по патиштата.
Метеоролозите најавуваат влошување на времето. Се најавува студено време, а в среда температурата ќе се спушти под нулата. Снег се очекува да паѓа до петок.