
Четврфиналната пресметка во Лигата на шАмпионтие меѓу македонскиот ракометен вицешампион Металург и германскиот Кил предизвикува голем интерес и ќе биде под посебен мониторинг на ЕХФ, а потврда за тоа е номинирањето на дури тројца делегати: Клаус-Дитер Конвенц (Белгија), Тоно Хосе Хуелин (Шпанија) и Петер Хансон (Шведска).
Канцеларијата на ЕХФ се обрати и директно до менаџментот на РК Металург изразувајки му целосна поддршка за тоа што го работи во последните три сезони и упати низа комлименти за досегашната организација на натпреварите од елитното европско натпреварување. Истовремено, ЕХФ побара од Металург да го задржи високото организациско ниво и да направи се, натпреварот со Кил да биде уште еден ракометен празник во Скопје. Секако, тоа подразбира и добивање препораки што ке треба да бидат испочитувани од страна на РК Металург.
Во интерес на безбедноста на сите што ке присуствуваат во СЦ “Борис Трајковски“, РК Металург апелира:
– Без обезбедена влезница или акредитација, да не се тргнува кон СЦ “Борис Трајковски“.
– Да не се носат метални предмети, особено монети и запалки, лименки и пластични или стаклени шишиња.
– Доколку сепак бидат откриени метални и други тврди предмети, обезбедувањето на влезовите ке ги одземаат без исклучок.
– Да се запази нумерацијата на седиштата во салата и да не се заземаат туги места.
– Да не се седи на скалите, бидејки делегатите нема да дозволат почеток на натпреварот се додека не се создадат услови за игра.
– Да не се фрлаат на теренот никакви предмети, па дури и од мек материјал, што подразбира максимална воздржаност.
Металур до сите свои навивачи, приврзаници, почитувачи и поддржувачи апелиреше уште еднаш да покажат дека Скопје во моментов е центар на ракометна Европа, со изграден имиџ на ракометен град во кој се игра жестоко, но се навива пристојно.