
Поради превртен камион бетонерка на Плетвар има огромни колони на патот Прилеп – Росоман. Во место стои и возило на Брза помош од Битола, кое треба да превезе дете со внатрешно крварење во Скопје, јавува „Револуционер“.
Заглавен е и автомобил од Прилеп кој треба да превезе повреден прилепчанец на Клинички во Скопје.
Застојот на Плетвар трае три часа, а можно е да трае уште два часа, вели возач кој е заглавен во колоната.