
Општина Гази Баба по барање на граѓаните, го прошири паркингот на улица Жан Жорес во населба Хиподром, поради подобар пристап на возила за итни случаи и возила на комунална хигиена при вршење на нивната работа.
Локалната власт за оваа инвестиција одвои околу 250.000 денари од својот буџет, а работите ги изведе фирмата „Карпош“, од Скопје.