ВИДЕО: Во Украина напнато и без официјални информации за бројот на жртви

Во Украина и понатаму е напнато, наспроти утрешниот соостанок во Женева на кој претставници на Украина, Русија, САД и Европската Унија ќе се обидат да ја смират ситуацијата. Специјалните украински сили ја задруваат контролата над аеродромот во раматорск на истокот од Украина, кои до вчера ја држеа проруските сили, соопштила владата во Киев.

Украинската војска вчера презеде „антитерористичка“ акција против проруската „народна милиција“ на југоисток во земјата, каде што во борбите за  Воениот аеродром кај Краматорск загинаа четворица „милиционери“, а ранети се уште четворица. Меѓутоа, официјални потврди за починати нема.

Повеќето информации се базираат на изјави на неименувани сведоци кои споемнувале повеќе жртви, а поред нивни тврдења еден авион на украинската армија е соборен на Краматорск, додека во напад на аердромот учестувале платеници на американскиот „Блеквостерс“

Руската телевизија тврди дека во украиската акција за преемање на аеродромот загинале помеѓу четири и 11 лица, а властите во Киев немаат дадено офицјални податоци за можните жртви.

Офанзивата на прозападните власти во Киев во прорускиот исток на земјата ја продлабочи кризата со Русија, која според наводите на НАТО, концентрирала 40.000 војници на граицата.

Група набљудувачи на ОЕБС стигнала синоќа во областа Сумск, а денеска ќе ја посети соседната Харковска облест. Во групата се шест набљудувачи од белгија, Холандија, Луксембург, Грузија, Чешка и Шведска.

Ако пропадне состанокот во Женева, САД најавуваат нови санкции кон Русија

 Според Стејт департментот, тоа би можело да значи дека ќе се продолжи списокот на лица кон кои се воведени санкции, или да се забрани пристап на одредени клучни економски сектори како што се рудници, енергетика и финансиски слижби.