
Еден фотограф направи неверојатни фотографии користејќи ја „тајм лепс“ техниката нафотографирање, за да ја покаже убавината на потполно поинаков начин.
Фотографиите се направени во рок од неколку секунди, допуштајќи овие навидум едноставни бубачки да создадат зраци на светлост наспроти темната и мирна позадина.
Фотографиите се направени на две локации во градот Гранд Леџ во Мичиген, во влажни вечерни услови, во кои бубачките со своите тела ја создаваат т.н. ладна светлина.
Светлоста се создава како резултат на хемиска реакција која се нарекува биолуминесценција и која бубачките воглавно ја користат за привлекување на партнерот.
Овие бубачки навистина се чудо на природата.