
Во програмата има проекти кои што се значајни за Прилеп и кои ги бараа вашите бинисмени, проекти со кои што ќе овозможиме подобри услови за бизнисот во Прилеп, за да се отовораат работни места и да има инвестиции. Ова од говорницата во Прилеп го изјави носителот на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Четвртата изборна единица Зоран Ставрески.
„Еден таков крупен проект е проектот за изградба на експресен пат од Градско до Прилеп, комплетно нов пат од 28 километри со кој што ќе се избегне клисурата и ќе се направи модерен пат со 4 ленти, и со кој што Прилеп ќе биде подобро поврзан“, истакна Ставрески пред прилепчани.
Тој додаде дека тоа е дело на Миле Јанакиески и екипата, кои како што насласи, се бореа за Прилеп сите овие години.