
Премиерот Никола Груевски, заедно со носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Никола Тодоров и со кандидатката за пратеник од Делчево, Милка Христова го посетија Делчево. Тие остварија повеќе средби со граѓани и ја презентираа проектите предвидени во изборнат акампања Проверено.
Исто така тие остварија средба и со младите.
За вечерва Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше закажано митинзи во Македонска Каменица и во Делчево, но истите беа заменети со други активности од почит кон верските чувства на граѓаните кои ги празнуваат велигденските празници.