Албанците регионални лидери во барање азил

Албанските државјани, во регионов се на врвот на листата на баратели на азил во земјите членки на ЕУ.

Албанската телевизиска станица „Топ ченел“, наведува дека во февруари се регистрирани 1.035 баратели на азил на албански државјани во Германија, Луксембург, Белгија , Шведска и Швајцарија , со што е надминат бојот на барателите на азил од Србија, во јануари 2014 година.

Според последниот извештај на „Фронтекс“, во пораст е и бројот на азиланти од Албанија во Велика Британија, а посочено е дека се намалува бројот на македонските државјани кои бараат азил.