
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, претседателот на Владата, Никола Груевски со сопругата, денеска присуствуваше на светата Велигденска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
„Овој прекрасен ден е темелот на нашата вера, нашето постоење и нашата иднина. Денес го празнуваме чинот кога нашиот БОГ ни даде можност на нас луѓето да сведочиме за неговите чуда, да учиме од неговата благост и да го следиме по неговиот пат. Велигден е празник и на семејството, на човечноста и на солидарноста, празник кој зближува и носи порака на заедништво, мир и разбирање. Ваквите вредности се темелот на развојот во било кое поле и во секоја област. Меѓусебното разбирање и почитта е енергијата која отвора можности и дава шанса за напредок“, посочи Груевски во честитката до поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан и до сите православни верници во Македонија и дијаспората.