
Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ), во соработка со Македонската православна црква – ОА, традиционално ќе го празнува големиот верски празник Велигден на платото пред Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје.
Членките на СОЖМ своите производи ќе ги претстават на четири куќички-тезги, а средствата собрани од нивната продажба се наменети за хуманитарна цел – за матурско празнување на матурантите од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје.