
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, пред официјалниот старт на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истакна дека балгодарение на Владата, изминативе години се релизирани голем број проекти на територија на оваа локална самоуправа.
Како дел од најважните проекти ги спомена реконструкцијата на сите училишта во општината Аеродором, изградбата на 9 киломерти нови тротоари, изградбата на новата градинка, новите паркови, новите детски и спортски игралишта. Во руралниот дел од општината нагласи дека се изградени повеќе од 40 километри фекална канализација, како и проширување на патот во населените места Горно и Долно Лисиче.
Тој додаде и дека новиот спортски центар „Јане Сандански“ ќе биде готов до август , а во него ќе има две спортски сали, едната со капацитет од над 5.000 гледачи а другата со капацитет од над 1.000 гледачи.
„Јас сум сигурен дека на овие избори граѓаните ќе го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ, за да продолжи развојот на општина Аеродром, да продолжи развојот на Р. Македонија. Од една страна имаме партија која што секојдневно се грижи за граѓаните, реализира проекти, која што нуди програма и дава отчет, а од друга страна имаме опозиција која што, јас барем не се сеќавам дека реализирала некој проект во општина Аеродром. И како што може да забележите оние етнички партии посебно ДУИ изминатиов период јавно заговара промена на Уставот, бара двојазичност на цела територија на Р.Македонија, тоа значи бара двојазичност и во општина Аеродром, иако во општина Аеродром 99 проценти од населението е македонско“, рече Коневски.