
Водостојот на Крива река во атарот на селото Шопско Рударе е на критично ниво и се заканува да поплави ниви, бавчи и куќи кои се наоѓаат во близина на течението.
Добра вест е што по обилните врнежи утринава не врне, а метеоролозите најавуваат затоплување и дожд со намален интензитет, пишува порталот Абераџија од Кратово.