
Во тешка сообраќајна несреќа кај Шабац четири лица загинаа, меѓу кои и една трудница, додека уште две лица се тешко повредени.
До несреќата, која се случила околу 14 часот во населбата Табановиќ, дошло кога автомобил Audi Q7 со италијански таблички, зигубил контрола и излетал од патот.
Три лица починале на лице место, едно на патот кон болницата, додека лекарите се борат за животот на уште две лица.