
Ракометарите на Вардар се поразени во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите на гостувањето кај Фленсбург со 24:22 (13:14). Поразот од два гола значи дека „црвено-црните” имаат реални шанси да се пласираат на фајнлфорот во Келн, бидејќи реваншот ќе го играат во сабота на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски” .
Македонскиот шампион играше одлично во текот на целиот натпревар, а на почетокот од второто полувреме успеа да поведе со два разлика (15:13). Но, падот на концентацијата во вториот дел на второто полувреме им овозможи на домаќините да се одлепат на три голови 20:17, а избраниците на Раул Гонзалез Гутиерез, до крајот на натпреварот успеаја да анулираат еден гол. Имаа можност во финишот да намалат и на еден разлика, но не ја искористија.
Најефикасен во тимот на Вардар беше Игор Карачиќ со 9 голови, а Петар Ангелов беше маестрален на голот со 18 одбрани.