
Бројот на жртвите од потонатиот траект во Јужна Кореја денеска се искачи на 146.
Нуркачките екипи ја продолжуваат потрагата по повеќе од 150 тела на лицата кои се водат како исчезнати.
Од 476 патници и членови на екипажот, 339 беа средношколци и професори кои биле на излет, а над 75 отсто од 323 ученици загинаа или се водат како исчезнати по потонувањето на патничкиот траект Севол пред една недела. Само 174 лица се спасени, а се претпоставува дека другите се удавени.