Мурињо и зададе нов удар на Фудбалската федерација на Англија

Дека е во јавна војна со раководните лица на Фудбалската федерација на Англија, контроверзниот менаџер на Челзи покажа и со изјавата која ја даде по натпреварот против Алетико Мадрид, дека од нив зависи со каков состав Челзи ќе му спротистави на Ливерпул во неделниот дерби натпревар од 36. коло во англиската Премиер лига.

“Сезоната е завршена за Петр Чех, а Тери ќе биде во комбинација за игра ако бидеме дел од финалниот натпревар во Лигата на шампиони. Јас не можам сам да одлучам со кој состав ќе му се спротиставам на Ливерпул. Морам да се координирам со клупските челници. Јас сум само еден дел од овој мозаик, јас сум само менаџер и ништо повеќе. Неделниот дерби натпревар не е мој проблем, тоа е проблем на тие кои одлучија истиот да се игра во недела, а не во сабота или во петок. Челзи е англиски клуб, Челзи ја претставува Англија, Челзи е единствениот англиски клуб во Европа. Шпанија има четри клуба во Европа, но Фудбалската федерација на Шпанија направи се што е во нејзина моќ за да им овозможи совршени услови на тие клубови, им помогна да постигнат голем успех и на меѓународната сцена”, изјави Португалецот.