
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во Хрватска, за февруари годинава изнесува 712 евра, покажуваат првите податоците кои ги објави хрватскиот Државен завод за статистика.
Тоа е за 2,3 отсто помала просечна плата од јануари годинава, во однос пак на истиот период лани таа е помала за 0,3 отсто.