Сирија предала 86 отсто од хемиското оружје

Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека досега Сирија предала повеќе од 86 отсто од хемиското оружје.

Оружјето е изнесено од Сирија, а ќе биде уништено под надзор на експерти.

Генералниот директор на Организацијата, Ахмет Изимџи изјави дека Сирија штотуку испорачала уште една пратка од материјалите, кои се користат за производство на хемиско оружје и со тоа предала 86,5 отсто од вкупното хемиско оружје.