
Поранешниот шампион во тешка категорија Шенон Бригс го нападнал украинскиот боксер Владимир Кличко на прес-конференција во германскиот град Оберхаузен.
Црномурестиот боксер упатил навреди кон Кличко и неколку пати повторил дека тој е вистинскиот шампион, а Кличко е фабрикуван шампион.
„Зошто си толку исплашен од мене“, викал Бригс.
Тој се обидел и физички да го нападне Кличко, но обезбедувањето веднаш реагирало .