
Триесет и деветгодишниот Г.Н. од Виница без повод физички нападнал полицаец.
Тој неповикан влегол во службената канцеларија и без повод и причина нападнал полицаец фаќајќи го за униформата и влечејќи го кон себе. Г.Н. е задржан во полициската станица во Виница, извршен му е алкотест по што е констатирано присуство на алкохол во крвта.
Против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава.