
Раководните лица на италијанскиот калчо гигант експресно ја демантираа пласираната шпекулација дека седумкратниот европски клупски шампион ќе биде продаден на најпознатиот бизнисмен од Сингапур, Петер Лим кој е подготвен да одвои 500 мил. евра за 51 отсто од акциите на Милан.
Медиумската компанија „Фининвест” која е во сопственост на Силвио Берлускони и која располага со сите акции испрати официјално соопштение дека италијанскиот калчо гигант не е за продажба.
„Што се однесува до последните шпекулации кои се пласирани од одредени медиуми во Италија, сакаме да ја информираме спортската јавност дека нема никакви преговори, дека фудбалскиот клуб на Милан не е за продажба,” стоеше во официјалното соопштение.
Освен Лим, голем интерес за акциите на Милан покажа и вториот најбогат бизнисмен од Кина, Зонг Кинху.