
Роднини на загинатите лица на јужнокорејскиот траект, кој потона пред осум дена, денеска нападнаа висок претставник, обвинувајќи го дека лаже за напорите кои се вложуваат за да се извлечат телата.
Во моментот кога траектот на 16 април се преврти и потона, на него имало 476 луѓе, од кои поголемиот број ученици од средното училиште во Ансана, во близина на Сеул.
Роднините на жртвите со брод отпловиле до местото каде потона траектот „Севол“ и каде се одвива операција за извлекување на телата.
Дваесетина роднини на жртвите го нападнаа Чои Санг-Хван, заменик-началник на крајбрежната стража, откако упаднале во неговата привремена канцеларија во пристаништето Џиндо.