
Легендарната „екс – ју“ група „Црвена јабука“ ќе одржи мега концерт на деветти мај, во Eкспо центарот во Скопје. Концертот е со почеток во 23 часот, а настанот ќе го води Весна Петрушевска.
Како специјални гости ќе настапат Панки и Роберт Саздов од „Куку Леле“.
Настанот по трет пат го организираат „Дрим Тим Скопје“, а картите можат да се купат на претпродажните места на Купи Карти За Се, по цена од 250 денари.