
Германскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Лукас Подолски откри дека секогаш е расположен за кам-бек во редовите на новиот германски бундеслигаш Келн.
Популарниот Полди важи за миленик на најверните фанови на Келн, а можниот кам-бек доби на важност откако фудбалерите на Келн и официјално обезбедија пласман во елитното друштво.
“Германската Бундес лига е една од најдобрите, најквалитетни лиги во целиот свет и нормално дека секогаш сум заинтересиран за кам-бек во Германија. Кога станува збор за германската Бундес лига, норамлно дека јас сум заинтересиран само за Келн. Келн е нешто повеќе од клуб за мене, таму е мојот дом. Можно е да дојде и тој ден кога повторно ќе го облечам дресот на Келн. Таа опција секогаш ја имам на располагање, тука станува збор за моето срце во кое секогаш има место за Келн. Јас имам договор со Арсенал и сакам истиот да го испочитувам до крај, но нема ништо сигурно во фудбалскиот свет. Понекогаш таквите ситуации се случуваат многу брзо”, изјави 28-годишниот крилен напаѓач на Арсенал.