
Осумнаесетгодишниот Мајкл Дамески кој живее во Австралија со својот танц ги воодушеви публиката и жирито во шоуто „Мислиш дека знаеш да играш“.
Неговата точка веќе стана вистински хит во Австралија. Дамески влезе меѓу четворицата најдобри во ова шоу кои ќе се натпреваруваат за наградата од 100 илјади долари.
Освен паричната награда ова шоу обезбедува и можност за 12 месечна работа.