
Британската и австралиската морнарица запленија повеќе од еден тон хероин, најголемо количество хероин на море на сите времиња.
Хероинот на британскиот пазар би достигнал вредност од повеќе од 140 милиони фунти. Хероинот бил пронајден на едрилица, околу педесет километри од источниот брег на Африка, меѓу Кенија и Танзанија.
Операцијата била спроведена во рамките на борбата против трговијата со дрога во Индиски Океан, од која се финансираат организациите како Ал каеда.