На 11 мај ќе се одржи референдум за незавиност на Доњецк

На 11 мај ќе се одржи референдум за независност на регионот Доњецк, изјавил Денис Пушиљин, лидерот на оваа самопрогласена република.

Референдумското прашање ќе гласи: „Дали го одобрувате прогласувањето на независноста на Народната Република Доњецк“.

Пушиљин изјавил дека одржувањето на референдумот е неизбежно и додал дека парите за тоа се обезбедени.