
Премиерот на Јужна Кореја Јунг Хонг-вон поднесе оставка поради трагедијата со фериботот со ученици, кој потона на 16 април.
Јунг беше исвиркан и погоден со шише со вода кога ги посети ожалостените роднини на денот на несреќата.
Луѓето беа разлутени од бавните дејствија на властите по трагедијата и честите измени на информациите, објавувани од Владата.
Над 300 лица, повеќето од нив ученици и наставници загинаа или се водат како исчезнати. Досега е потврдена смртта на 187 лица.