
Владимир Путин ги прекина дипломатските односи со Белата куќа, пишува американскиот портал „Дејли Бист“.
Овој американски портал истакнува дека ова значи дека односите на Кремељ со Белата куќа се целосно прекинати и практично во моментов не постојат.
Путин оваа одлука ја донел поради зголемениот притисок и санкциите кон Русија.
Игор Јургенс, политички аналитичар и близок соработник на Медведев вели дека ова не е конечно и засекогаш, туку верува дека станува збор за привремена мерка и тактичен потег на Кремељ кон Белата куќа.