
Пет лица, меѓу кои две деца и едно бебе настрадаа во пожар кој зафати куќа во Шефил.
Покраj децата во пожарот животот го загубиле и нивната баба Анум Парваиз (54) и нивната тетка Шабина Бегум (20).
Според кажувањата на нивен близок роднина бебето кое изгорело било старо само 9 месеци.
-Пред неколку часа тие живееја како секое нормално семејство, а сега повеќе ги нема, изјавил роднина на загинатите.
Локалната противпожарна служба потврдува дека во пожарот настарадале 5 луѓе, а веќе е покрената и истрага која треба да утврди кои се причините за пожарот.