
Македонскиот кошаркарски шампионот МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата во Суперлигата, славејќи со 89:73 против вечниот ривал Работнички во „Градски парк“ и со максимални шест победи лидер на табелата во првенството.
„Металците“ го забележаа шестиот триумф во последните шест меѓусебни дуели, како и 15. успех во 57. натпревар на теренот на лутиот ривал. Составот на Зоран Мартич ги доби првите три четвртини со 25:16, 24:19 и 26:21, а последната му припадна на домаќинот со 17:14.
Стефан Синовец беше најефикасен кај победничкиот тим со 19 поени, додека во поразениот тим со 18 поени најефикасен беше Марко Симоновски.