
Најскапо купениот фудбалер на денешницата, велшкиот интернационалец Герет Бејл изјави дека сега на сите ќе им биде јасно зошто на почетокот од новата сезона ја прифатил понудата на Реал Мадрид за преселба на “Сантијаго Бернабеу”.
“Поради ова дојдов во Мадрид, поради ваквите натпревари, поради шансата да го освојам најважниот пехар во клубскиот фудбал. Сакав да играм за најголемиот клуб во целиот свет, сакам да ја освојувам трофеи, да бидам дел од најважните натпревари. Ништо не сме освоиле, не чека еден тежок финален натпревар, но подготвен сум и за тој предизвик. Ова е фантастичен резултат. Работевме напорно во сите 90 минути, имавме победничка тактика и заслужено го елиминиравме Баерн Минхен. Ни оставија доволен простор за игра, ни оставија простор за контра напади. Има уште еден голем чекор до победничкиот пиедестал. Не е важно кој ќе ни биде противник во финалниот натпревар, важно е дека мора да дадеме се од себе во Лисабон”, изјави крилниот напаѓач.