
Заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.
Тој му посака успешна дипломатска мисија на новиот амбасадорот Мултановски, и изрази очекување дека за време на неговиот мандат, пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да јакнат, а билатералната соработка ќе се проширува и продлабочува со уште понагласена динамика.
Петров и Мултановски се осврнале и на билатерална соработка во повеќе области, задржувајќи се на економската соработка и на соработката во сферата на образованието и културата.