
Две маскирани лица вооружени со пиштоли вчера вечерта извршиле разбојништво на бензинската пумпа на „Макпетрол“ кај Башино Село, на автопатот Скопје – Гевгелија.
Разбојниците во 22.45 часот влегле во бензинската, ги впериле пиштолите во вработениот и потоа одзеле 98.100 денари, извести МВР.
Полицијата трага по сторителите.