
Познатиот британски актер Боб Хоскинс почина денеска од пневмонија на возраст од 71 година. Смртта на актерот кој глумеше во „Долгиот убав петок“ и „Мона Лиза“ ја потресе актерската сцена во Велика Британија.
Хоскинс потекнува од градчето Бјури Ест Едмундс во Западен Софолк, а пред две години лекарите открија дека боледува од Паркинсоновата болест.