
Последните парламентарни избори во Македонија покажаа дека владејаката конзервативна партија го обезбеди својот трет мандат, наведува во својот прилог за Македонија, новинската агенција „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.
Според објавеното, и покрај убедливата победа на ВМРО ДПМНЕ, „опозицијата го оспорува резултатот од гласањето под изговор дека имало закани и уцени, и масовно поткупување на гласачи“.
Понатака во прилогот се вели дека Македонија сеуште е меѓу најсиромашните земји во Европа, со моментна невработеност од околу 28 отсто. Но, Никола Груевски е заслужен за постојаниот раст, намалувањето на јавниот долг и привлекувањето на странски инвестиции.