Торнадо во САД однесе 35 жртви

Најмалку 35 лица загинале во неколку торнада во шест американски држави, а десетина ијлади луѓе и понатаму се без струја, пренесуваат денеска америкаските медиуми.

Во изминативе три дена, торнадото се движело со брзина од 265 до 320 километри на час, што од почетокот на годината е најстрашна бура во Соединетите Држави. Во најмногу погодените држави Мисисипи, Тенеси и Албами животот го загубиле најмалку 17 лица, а 18 загинале во Арканзас, Ајова и Оклахома

Жителите на градот Турпело во Мисисипи, останати се без своите домови, а уништени се и бројни деловни објекти.

Националната метеоролошка служба гпредупредила дека опасноста од торнадото за околу  70 милини луѓе, како што се проценува, се’ уште не е мината. Се очекува силна бура во источен и јужен Мисисипи, западна Алабама и источна Луизијана.

18453556335360a06d5a8bd376889940_v4 big

 

16619455705360a06fa3405033359940_v4 big