
Дваесет и тригодишно момче загина, а друго е повредено во тешка сообраќајна која се случила вчера попладнето на патот Крива Паланка-Куманово.
До несреќата дошло кога возачот на „Голф“, 28-годишниот М.С. изгубил контрола, излетал од патот и удрил во дрво. На пат кон болница на тешките повреди им подлегнал 23 годишниот Давор П. од Старо Нагоричане, кој бил сопатник во автомобилот.
Возачот М.С., кој исто така е тешко повреден, бил пренесен во кумановскиот медицински центар, но поради сериозноста на повредите подоцна е транспортиран во Ургентниот центар во Скопје.