
Претседателот на Националната демократска преродба , Руфи Османи синоќа поднел оставка од лидерската позоција на партијата.
Оставки поднеле и секретарот на НДП, Изет Зеќири, како и потпретседателите Артан Дика и Гиктен Хазири. Досегашното раководство на НДП ќе продолжи со политичката активност во структурите на партијата.
Оставките се поднесени на Централното Собрание на НДП, кое се одржа во Гостивар.
Во привремениот совет кој ќе управува со НДП се: Зенун Исмаили, Весел Мемеди и Бинас Пајазити.
„Имајќи морална и менаџерска одговорност за неисполнување на националните и политички цели, на врвот на НДП и во функција за можност на нови млади кадри и унапредување на политичката активност на НДП, се поднесуваат оставки од партиското раководните позиции. Екстремната злоупотреба на структурите и владините ресурси од страна на ВМРО –ДПМНЕ и ДУИ, назаконското финансирање на кампања, дискриминација на опозицијата во сите насоки, гласачките листи исполнети со стотици илјади фиктивни гласачи, отворена медиумска дискриминација на опозицијата, заканување и заплашување на вработените во јавниот и приватниот сектор и масовното купување на гласови, се дел од структурните сериозни дефекти кои ја делегитимизират во целост оваа изборна кампања, и изборниот процес од 27 април ја загрозува Македонија да влезе во длабока политичка криза, последици кои ќе бидат на товар на граѓаните и диктаторското дуо ВМРО-ДУИ“, се вели во соопштението на НДП.
Централното собрание на НДП не ги прифаќа како легални и легитимни резултатите од изборите, и препорачува посредство на меѓународната заедница за формирање на влада од поширока коалиција.