
Прашањата за претстојното екстерно тестирање за учениците од основните и средните училишта ќе бидат објавени наредната недела.
Истите ќе бидат поставени на посебна веб страница и тоа на македонски, албански, турски и на српски јазик.
Станува збор за вкупно 415.000 прашања.
Екстерното тестирање ќе се спроведува од 2 до 10 јуни.