
Украинската војска започна специјална операција против активистите кои се борат за автономија во источниот град Славјанск, јавува Раша тудеј. Медиумите јавуваат дека железничкиот сообраќај е блокиран.
Градот е блокиран, а 20 хеликоптери учевствуваат во операцијата.
Медиумите јавуваат дека проруските активисти погодиле со ракета и срушиле еден хеликоптер на украинската војска.Еден пилот е убиен, а друг е заробен.
Раша тудеј исто така јавува дека рано утринава имало и сирена која предупредува на напади, и дека се слушнале и пукања.