
Хирургот од Краљево Слободан Лукиќ (66) починал откако бил сериозно ранет утрово кога во него повеќепати стрелал негов поранешен пациент, пренесуваат српските медиуми.
„Видов човек со патерица како проаѓа веднаш до мене и со пиштол почнува да стрела во друг човек, кој по по два испукани куршуми сè уште се држеше на нозе, потоа падна, а човекот со пиштол продолжи да пука во него, испукувајќи уште пет-шест куршуми“, изјавил очевидец за новинската агенција Бета.
Се претпоставува дека мотивот за нападот бил тоа што пациентот, кој претходно бил лечен од карцином, бил незадоволен од третманот, јавува РТС.
Д-р Слободан Лукиќ бил познат хирург и долгогодишен претседател на ватерполо-клубот Краљево, како и шеф на одделот за општа хирургија во здравствениот дом во Краљево.